Артета има месец дена за ангажман на најпосакуваното засилување

Арсенал нијанси го делеа од првата шампионска титула во Премиерлигата по пауза од 21 година. Тимот предводен од Микел Артета заврши на второто место на табелата со само два бода заостанување од шампионот Манчестер Сити.

Шпанскиот стартег има за што да жали оваа сезона, но како и што самиот изјави, таа веќе е зад клубот кој цели на големи успеси и за годините кои следат.

За тоа на Арсенал ќе му бидат потребни засилувања, пред се во нападот и на средината на теренот. Еден од оние фудбалери кои се наоѓаат високо на листата на желби на Артета е бразилецот Бруно Гимараеш кој имаше нова одлична сезона забележувајќи седум голови и осум асистенции.

Фудбалерот на Њукасл Јунајтед не е достапен на маркетот бидејќи амбициозниот клуб од северот на Англија не сака да ги загуби најдобрите играчи, но во договорот има откупна клаузула која ќе биде активирана од 20 јуни од 20 јули. Во овој период Арсенал може да стигне до неговите услуги доколку издвои 98 милиони фунти.

Се вчитува...