„Артета лаже, навивачите на Арсенал ја заслужуваат вистината“

Војната меѓу Месут Озил и Арсенал дополнително се разгоре откако во препукувањата се вклучи и агентот на Германецот, Еркут Согут, обвинувајќи го Микел Артета дека лажел кога рекол дека поранешниот ас на Реал Мадрид е отстранет од тимот на „топчиите“ од фудбалски причини. Озил воопшто не е вклучен во поширокиот список на играчи на „топчиите“ ниту во Премиер-лигата, ниту во ЛЕ, како јасна порака дека треба што поскоро да се спакува и да си замине од клубот

“Во овој момент имам чуство дека потфрлив. Јас би го сакал најдобриот Озил во Арсенал. Во некои моменти успеав да дојдам блиску до тоа, но во овој момент воопшто не сум блиску до таа цел, и затоа решив да го изоставам од тимот. Мојата совест е чиста. Причините се строго фудбалски” – изјави неодамна Артета.

Сепак, Согут смета дека шпанскиот стратег лажел при оваа изјава, барајќи да биде откриена вистинската причина за статусот што Озил сезонава го има во лондонскиот клуб.

Навивачите на Арсенал заслужуваат да ја знаат вистината, а не тоа што Артета го зборува. Тој не беше фер, искрен и транспарентен, не се одесуваше со почит спрема некој кој има договор и кој е верен на клубот. Сите знаат дека клбот не беше фер спрема Озил. Не му дадоа шанса да се докаже” – изјави агентот на Озил.

Договорот на Озил со Арсенал истекува следното лето, но по ваквиот развој на настаните лесно може да се случи тој да ги смени клупските бои веќе во јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...