Артета: Ма каква Барселона, среќен сум во Арсенал

Барселона го бара наследникот на Роналд Куман. Шпекулациите се дека холандскиот стратег ќе го наследи Чави, но претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта, бар засега ги отфрли гласините дека легендата на Барселона дефинитивно ќе седне на клупата оваа година.

Покрај Чави се шпекулира со уште неколку имиња, а еден од нив е и Микел Артета, долгогодишниот пулен на Пеп Гвардиола и сегашниот тренер на Арсенал. Сепак Шпанецот има други размислувања и вели дека се концентрира само на Арсенал.

„Каква Барселона, јас сум пресреќен сум во Арсенал и привилигиран сум што сум тука. Се концентрирам само на оваа работа. Многу работи се случија во Барселона претходните години. Мора да ја надминете ситуацијата по заминувањето на Лео Меси. Тој долги години беше клучниот играч и знам дека за тоа е потребно време. Се надевам дека се ќе испадне добро“, изјави Артета.

Се вчитува...