Артета: Моите играчи знаат кој е влогот

Арсенал нема право на грешка во последните натпревари од сезоната во Премиерлигата доколку сака по 21 година пауза одново да ја освои шампионската титула во еден од најсилните фудбалски шампионати во светот.

Тоа добро го знае и тренерот Микел Артета кој во пресрет средбата со Борнмут говореше пред медиумите.

„Ни следи Борнмут и моите играчи знаат кој е влогот. Мораме да одиграме најдобро што можеме. Ако го направиме тоа, тогаш имаме шанса да оствариме победа“, изјави шпанскиот стратег.

Арсенал има предност од еден бод пред Манчестер Сити на врвот на табелата, но има и натпревар повеќе па нема да зависи само од себе во последните три натпревари од сезоната.

Се вчитува...