Артета: Мораме да ги заштитиме играчите како Дауман

Макс Дауман ги собра комплиментите на англиската јавност откако 16-годишниот бисер на Арсенал блесна на вчерашниот дуел од лига-купот на Англија против Ипсвич.

„Топчиите“ славеа рутински, а во главна улога беше токму тинејџерот, кој постигна два гола и една асистенција. И додека медиумите употребуваат само топ-комплименти, Микел Артета е свесен дека не смее да дозволи овој млад фудбалер да летне во облаци.

„Мораме да ги заштитиме играчите како што е Макс Дауман. Тој го има достигнато, веќе и надминато своето ниво и цело време напредува. Одлична работа е што може да настапи на вакви натпревари и да покаже за што е способен. Но, да не заборавиме дека тој има само 16 години и мораме да внимаваме… Јас не говорам за запирање на неговиот развој, само да му ставиме „кочница“. Тој е млад играч што треба да се развива постепено, ние знаеме како се прави тоа. Знаеме што му е неопходно, Макс ќе добива шанси да игра на вакви натпревари, а во меѓувреме ќе мора да продолжи да работи напорно на тренинзите како и досега“, истакна Артета.

Се вчитува...