Арсенал останува стотстотен во новата сезона од Премиерлигата откако вчера во меч од 4. коло славеше на гостувањето кај Сандерленд со 0-2.
Херој за „топчиите“ беше голманот Раја кој при резултат 0-0 успеа да одбрани пенал. Тренерот на клубот од Лондон беше лут по мечот велејќи дека тоа не може да биде пенал во ниту една лига во светот.
„Ова беше голема победа, но работите можеа да изгледаат сосема поинаку. Знаете како? Начинот на кој може да се промени текот на натпреварот. Многу сум лут. Ова е недопустливо на ова ниво. Тоа може да го промени текот на сезоната и на првенството. Го гледав видеото десет пати за да се осигурам, бидејќи го гледав натпреварот во живо. На ова ниво, тоа никако не може да биде пенал за Сандерленд. Такво нешто не смее да се случи. Според мене,а и според секој што некогаш играл фудбал тоа не е пенал. Во никој случај, на ниту еден натпревар, во ниту еден контекст, во ниту една лига“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
