Артета остана без свој првотимец до крајот на сезоната

Водечкиот тим во англискиот фудбалски шампионат, Арсенал, остатокот од оваа сезона ќе го одигра без јапонскиот репрезентативен и десен бек Такехиро Томијасу, кој мора да оди на операција на десното колено.

Томијасу го повреди коленото за време на реваншот од осминафиналето на Лигата на Европа против Спортинг Лисабон минатиот четврток.

„Дополнителните прегледи открија дека Томијасу се здобил со сериозна повреда на коленото. Тој беше успешно опериран, но нема да игра до крајот на сезоната“, соопштија од Арсенал.

Арсенал моментално има 69 бодови на табелата во англиското првенство, осум повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.

Се вчитува...