Артета: Совеста ми е чиста со Месут Озил

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета смета дека потфрлил во случајот со Месут Озил, но не затоа што го нема во составите за Премиер-лигата и за Европа лигата туку затоа што не успеал да ги извлече најдоброто од него односно она што му е потребно на Арсенал.

„Во овој момент имам чувство дека потфрлив. Јас би го сакал најдобриот Озил во Арсенал. Во некои моменти успевав да дојдам блиску до тоа, но во овој момент воошто не сум блиску до таа цел и затоа решив да го изоставам од тимот. Мојата совест е чиста. Причините се строго фудбалски“ – вели Артета.

Озил нема настап на Арсенал уште од 7. март. Првиот удар го доживеа кога неговто име не се појави во составот на Арсенал на европските натпреври, а понижувањето стана уште поголемо кога не беше пријавен ниту во тимот за Премиер-лигата. Тој во емотивно писмо им се обрати на навивачите велејќи дека неговата лојалност воопшто не била почитувана, но и дека ќе се бори против нехуманиот однос и неправдата што му е нанесена.

Се вчитува...