Артета: Се уште не се предадовме

Менаџерот на англискиот премиер-лигаш Арсенал, Микел Артета, по мини-серијата лоши резултати по кои освојувањето на титулата е доведена во прашање, изјави дека се уште не се откажале од борбата за трофејот.

Арсенал во среда ќе го игра големото дерби против Манчестер сити кое ќе одлучи за тоа кој ќе биде новиот шампион во Премиер-лигата.

„Не е крај! Имаме уште шест натпревари до крајот и секако дека во моментов има загриженост. Така е во фудбалот, понекогаш има периоди и моменти кога грешиш, но многу е важно тоа да се заборави што поскоро. Ние се уште не се предадовме и веруваме дека можеме да стигнеме до титулата“, изјави Артета.

Арсенал по 32 натпревари и понатаму е на врвот во Премиер-лигата со 75 бода. По него следува Манчестер Сити, кој има пет бода помалку, но има само 30 одиграни натпревари.

Се вчитува...