Артета среќен, добива „засилување“ во клучен момент

Фудбалерите на Арсенал како едни од кандидатите за титулата, влегуваат во финишот на сезоната во Премиерлигата, а нивниот менаџер денеска соопшти убави вести.

Дефанзивецот Јуријен Тимбер се опорави од тешката повреда на лигаментите на коленото, и наскоро ќе биде во натпреварувачки погон. Утрешниот дуел со Лутон е преран „залак“ за него, но во текот на април, стоперот ќе добие шанса.

„Тимбер не е фит за натпревари, но наскоро ќе биде, и тоа е одлична вест за нас“, рече Артета.

Што значи дека Арсенал во последните неколку кола ќе ги дочека со комплетен состав. Арсенал го чека и двомеч против Баерн Минхен во Лигатан а шампионите, но и три дерби дуели, со Челси, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...