Артета за Винисиус: Имаме амбициозен план во овој преоден рок

Арсенал внимателно ја следи ситуацијата околу Винисиус Жуниор, додека Реал Мадрид оваа недела ќе започне преговори со бразилската ѕвезда за продолжување на договорот.

Актуелниот договор на Винисиус со „кралевите“ истекува за една година, а според информациите на „Дејли Мејл“, лондонскиот клуб ја разгледува можноста за негов трансфер пред почетокот на новата сезона.

Претставниците на фудбалерот наскоро треба да одржат состанок со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а во моментов сите опции се отворени. Наводно, понудената плата не претставува проблем, но сè уште нема договор околу висината на бонусот за потпис на новиот договор.

Потенцијалното доаѓање на Винисиус во Премиер лигата би донело уште една светска ѕвезда во англискиот фудбал. Иако англиската лига е финансиски најмоќна во Европа, дел од најдобрите напаѓачи во светот како Ламин Јамал, Хари Кејн, Килијан Мбапе и Усман Дембеле во моментов не настапуваат во Англија.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, по пријателскиот натпревар против Жирона, најави дека клубот има големи амбиции во преодниот рок, не одговорајќи директно за Винисиус.

„Очекуваме работите да се придвижат во следните неколку недели. Сакаме да напредуваме како и сите други. Гледате што се случува на пазарот и што прават нашите конкуренти. Нема само да стоиме на страна, нашите планови се многу амбициозни“, изјави Артета.

Арсенал паралелно работи и на засилување на средниот ред со доведување на Бруно Гимараеш од Њукасл, а веќе го обезбеди трансферот на крилниот фудбалер на Клуб Бриж, Христос Цолис, за 34 милиони фунти.

Се вчитува...