Артета: Задоволен сум само од резултатот, не и од играта

Фудбалерите на Арсенал се вратија на првото место на табелата во Премиерлигата откако во дербито на 37. коло од најсилниот англиски шампионат славеа со минимални 1-0 на гостувањето кај Манчестер Јунајтед.

Стрелецот на единствениот гол беше Тосар кој ја затресе мрежата во 20. минута по што Арсенал до крајот на полувремето имаше и шанси за зголемување на предноста, но одличните интервенции на Онана спречија втор гостински гол на „Олд Трафорд“. Арсенал не успеа да ја пренесе добрата игра и во вториот дел што наиде на простор за критка од страна на тренерот Микел Артета.

„Знаевме каде дојдовме и колку ни беше потребен добар резултат на тежок терен. Не ни беше наклонета историјата од претходните натпревари, многу работи беа неизвесни и задоволен сум од резултатот.

Многу добро го започнавме натпреварот и бевме доминатни. Постигнавме гол и мислам дека тој гол на Тросар доведе до малку лоши работи бидејќи почнавме да играме многу претпазливо, премногу назад. Почнавме да компликуваме едноставни работи и им ја поклонувавме топката во важни делови од теренот што претстави голема опасност за нас. Немавме контрола. Но, добро се браневме и не им дадовме многу шанси да го загрозат нашето водство“, изјави Артета.

Се вчитува...