„Ас“ открива: Реал Мадрид го договорил трансферот на Кристијан Ериксен

Шпанскиот гигант Реал Мадрид тргнува во големо реновирање на тимот по очајната сезона во која не освои ниту еден трофеј, а едно од првите засилувања кои треба да пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“ е Кристијан Ериксен, фудбалерот за врска на Тотенхем. Шпанскиот весник „Ас“, кој важи за близок до „кралскиот клуб“, открива дека Реал Мадрид го договорил трансферот на Данецот.

Ериксен има договор со Тотенхем до јуни 2020 година и не сака да го продолжи, а Тотенхем сигурно нема да ризикува тој да влезе во последната година од актуелната соработка и потоа да ја загуби огромната отштета. Се шпекулира дека трансферот ќе биде вреден околу 90 милиони евра, а Данецот ќе добие шестгодишен договор на „Сантијаго Бернабеу“ и треба да биде еден од главните креативци во тимот на на Зинедин Зидан во наредниот период.

Се вчитува...