Ашковски го постигна и четвртиот гол за Фортуна Ситард сезонава

Македонскиот интернационалец Стефан Ашковски го постигна и четвртиот свој гол сезонава во дресот на холандскиот второлигаш Фортина Ситард.

Во 10. коло од Втората лига на Холандија, Фортуна одигра без победник (2-2) против Ајндховен а Ашковски беше стрелец на вториот гол за својот тим во 70. минута, за водство во тие моменти од 2-1. Поранешниот фудбалер на Партизан, Шкендија, Кајсери, Горник Лечна…, во игра влезе во 32. минута од средбата, па успеа да се запише и во листата на стрелците.

Фортина Ситард ја продолжува битката за врвот во Втората лига на Холандија и влез во елитното друштво. По десет кола е на третото место со 20 бода, три помалку од водечкиот Ајакс 2, и еден помалку од второпласираниот НЕЦ Најмиген.

Се вчитува...