Астон Вила е на добар пат да го потпише јапонскиот голман Зајон Сузуки од Парма. Премиерлигашот е во напредни преговори, откако пропадна трансферот на Сузуки во ПСЖ претходно.
Иако беше пред премин во европскиот првак, сепак, тоа нема да се случи. Така Сузуки сега идната сезона ќе треба да го чува голот на тимот од Бирмингем.
Овој трансфер го отвора јасно прашањето околу иднината на Емилијано Мартинез. Аргентинскиот чувар на мрежата се поврзуваше со трансфер во Јувентус, и се чинеше дека по доаѓањето на Сузуки ќе го реализира преминот во Торино.
Меѓутоа последните информации говорат дека Јувентус веќе се договорил со голманот на Тотенхем, Гиљермо Викаријо, па се помали се шансите сега Мартинез да оди во Италија.
Се чини дека Мартинез, сепак, ќе биде продаден од челниците на Астон Вила, а Сузуки ќе биде идниот чувар на мрежата број 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
