Астон Вила со најсмешниот гол во историјата го фрла во очај Челси, но тука е Тотенхем да го спасува (ВИДЕО)

Последните кола во Премиер-лигата никогаш не разочаруваат. Пред стартот три тима, Челси, Ливерпул и Лестер влегоа во борба за последните две места кои водат во Лигата на шампионите. По првото полувреме во најдобра позиција е Ливерпул кој има водство против Кристал Палас од 1-0 и сам одлучува за својата судбина.

Студен туш дојде за Челси во финишот на првото полувреме кога Траоре малку неспретно ја шутна топката која го изненади голманот Менди. Единствена позитивна вест за сините од Лондон е тоа што по првите 45. минути Лестер има само реми против Тотенхем 1-1.

 

Се вчитува...