Аталанта триумфално против Рома за значајни три бода

Аталанта ја продолжи битката за излез во еврпските натпреварувања следната сезона откако во последниот натпревар од 31. коло во Серија А славеше со убедливи 3-1 на домашен терен против Рома.

До победа тимот од Бергамо го предводеа Пашалиќ и Толои кои стрелаа во 39. и 74. минута, а откако Пелегрини намали на 2-1 со гол во 83. минута, предноста од два гола ја врати Купмаерс само минута подоцна.

Со оваа победа Аталанта стигна до 52 освоен бод во сезоната, но останува два бода зад шесттопласираниот Интер. Рома пак е на петтото место со 56 освеони бода.

Се вчитува...