Тренерот на Панатинаикос Ергин Атаман го пофали својот колега од Партизан, Жељко Обрадовиќ и рече дека е најдобриот тренер во историјата на Евролигата.
Атинскиот тим ќе ги пречека белградските „црно-бели“ во 13. коло во Евролигата во вторник во 20:15 часот, а Атаман со изјавата изненади многумина, со оглед дека пред извесно време кажа дека тој е најдобриот тренер во Евролигата.
„Партизан загуби со голема разлика од Фенербахче, но тие се многу опасен тим со искуство и квалитетни играчи како Браун, Вашингтон, Паркер и Калатес. Не заборавајте дека и покрај тешката позиција на табелата, тие го имаат најдобриот тренер во историјата на Евролигата. Тој знае како да се справи со вакви ситуации. Секој натпревар е важен за нас, мора да играме напорно и да се обидеме да победиме“, рече Атаман
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

