Атанасов: Многу ни е жал што не победивме…

Јани Атанасов може да биде горд на прекрасниот погодок со кој спречи пораз на македонските младинци на дуелот со Израел. Сепак, кај младиот ас на Хајдук очигледно е разочарувањето што Македонија не стигна до цел плен, резултат со кој „црвено-жолтите“ ќе ги задржеа шансите за пласман на ЕП.

„Се спасивме во 90. минута со голот што го постигнав од слободен удар, но тоа е најмалку важно. Многу ни е жал на сите, особено на селекторот, бидејќи ни зададе конкретни задачи што не успеавме да ги исполниме. Во одреден дел од мечот игравме навистина добро, но на моменти правевме грешки што никако не смеат да се направат. Извадивме бод, сега пред нас е гостувањето во Израел. Одиме без страв, да извлечеме најмногу бодови што можеме бидејќи ова не е ривал од кого треба да се плашиме“, изјави Атанасов.

Македонија останува на второто место во групата, но избраниците на селекторот Милевски до крајот на овој квалификациски циклус ги очекува гостување во Израел и домашен натпревар против Црна Гора.

Се вчитува...