Атанасов: Сакаме триумф и против Израел

Младата фудбалска репрезентација на Македонија утре против Израел треба да ја продолжи добрата резултатска серија и да се надева на исполнување на амбицијата, преку втората позиција во групата од квалфикациите да обезбеди место на Европското првенство. Со оглед на ситуацијата меѓу второпласираните селекции, на македнскиот состав му се неопходни што повеќе бодови во преостанатите три средби.

„Ни преостануваат уште три натпревари до крај и сакаме да оствариме што е можно подобри резултати. Наша цел е да победиме на сите, работиме да ги добиеме сите. По триумфот над Казахстан, сега сме фокусирани на Израел, момците се подготвени и треба само да ги одработиме поставените задачи од селекторот Милевски. Сакаме триумф тука, потоа одиме на гости во Израел и ја пречекуваме Црна Гора. Гарантирам дека ќе дадеме се од себе за да успееме“ – вели играчот од средниот ред, Јани Атанасов.

Се вчитува...