Атлетичарите на Куманово победници во финалето од Купот на Македонија

Атлетскиот клуб Куманово е севкупен победник во финалето од Купот на Македонија за сениори кое Атлетската федерација на Македонија го организираше како дводневен натпревар, во Скопје и во Куманово.

Во финалните натпревари, на кои учествуваа 80 натпреварувачи од 13 клубови од Македонија, беа постигнати и два рекорди за млади младинци – Милан Велковиќ на 110 метри со пречки (15.06 секунди), и во пионери – Беркан Емини на 800 метри (2.01.68 минути).

Куманово триумфираше со вкупно 89 освоени бода. Кумановци победија и во машка и во женска конкуренција. На второто место Купот на Македонија го заврши АК Лирија со 71 бода, трети – АК Работнички со 66 бода, четврти – Студенти со 45 бода, на петтото место заврши АК Најк ран клуб со 20 бода пред АК Делта со 13 освоени бода.

ЕКИПЕН ПЛАСМАН

Мажи: Куманово 48 бода,  Лириа 43 бода,  Работнички 37 бода

Жени: Куманово 41 бод,  Работнички 29 бода,  Студнети 28 бода, Лириа 28 бода

ПОБЕДНИЦИ ПО ДИСЦИПЛИНИ

МАЖИ:

100м Александар Таневски Раб (11.04), 400м Далибор Спасовски Сту (51.03), 1500м Пепи Анакијев Нике (4.23.16), 10000м Кокан Ајановски Нике (35.07.48), 4х100м Куманово (45.30), височина Здравко Богдановски Раб (190),ѓуле Марјан Нојковски (13.93),копје Кирил Стојановски Раб(48.96), диск Елмин Бајрамови Про (38.00), 400м пречки Милан Велковиќ Кум (1.00.67), 200м Али Шабани Лир (22.10), 800м Беркан Емини Лир (2.01.68), 5000м Милош Ранчиќ Скок (15.59.07), трискок Владимир Русовски Дел (12.96) , далечина Александар Таневски Раб (6.31),

ЖЕНИ:

100м пречки Валбона Селими Сту (17.38), 100м Јана Митовска Раб (12.41), 400м Катерина Тимчевска Кум (58.68), 1500м Ирма Хајдари Лир (5.18.81), 4х100м Работнички (49.68), диск Матеја Ефремовска Кум (35.84), ѓуле Матеја Ефремовска Кум (9.29), далечина Бесиана Мустафа Лир (5.06), 400м пречки Дрита Ислами (1.01.90), 200м Кристина Јосифовска Сту (25.99), 800м Анеса Хајдари Лир (2.19.43), 3000м Миљана Ристиќ Нике (11.55.28),височина Бесиана МустафаЛир (155)

Се вчитува...