Атлетичарите први ја отворија новата сезона… „Кралицата на спортовите“ во време на Ковид-19 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со митингот „Отворање на сезоната 2020“ најдобрите македонски атлетичари означија официјален почеток на новата сезона.

Под максимално запазени здравствени протоколи, поради пандемијата на коронавирусот, македонските атлетичари на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид го вратија спортот на македонските спортски арени. Без присуство на публика, без присуство на тренерите директно на терен, и со максимални мерки за заштита атлетичарите викендов ќе се натпреваруваат во 22 атлетски дисциплини како најава за новата сезона.

 

Се вчитува...