Атлетичарот Јован Стојоски нов стипендист на МОК

Атлетичарот Јован Стојоски е нов стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет. Во насока на што подобри подготовки за учество на Олимписките игри ТОКИО 2020, денеска во просториите на МОК, најдобриот македонски атлетичар, според табелата на ИААФ, Јован Стојоски, претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски и претседателот на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска Зикова потпишаа договор за Олимписко стипендирање на најдобриот македонски атлетичар, Јован Стојоски.

„Исклучително сум среќен за оваа помош и активност од страна на Македонскиот олимписки комитет и верувам дека со оваа помош и секако, со помош на Атлетската федерација на Македонија и другите помагатели, ќе постигнам свој најдобар резултат и успешно ќе ја претставувам Македонија на ОИ ТОКИО 2020, кои ќе се одржат во 2021 година“, изјави Стојоски.

Најдобар резултат на Јован Стојоски на 400 м. е 46,92 секунди. Негов тренер е Марина Мишиќ, а претходно тренер му беше починатиот македонски атлетичар, Исмаил Мачев.

Се вчитува...