Атлетик Билбао не признава фаворити – го сруши и Реал Мадрид во Купот на Кралот

Атлетик Билбао се пласираше во полуфиналето од Купот на Кралот откако го совлада Реал Мадрид со 1-0. Победоносниот гол за домаќините го постигна Беренгер во 89. минута од натпреварот за големо славје.

Како потсетување Билбао претходно за место во четвртфиналето славеше против Барселона, а во следната фаза силите ќе си ги одмери со Бетис кој денеска славеше против Реал Сосиедад.

Се вчитува...