Атлетико Мадрид во голеадата подобар од Валенсија

Атлетико Мадрид ја совлада Валенсија со 3-2 на „Ванда Метрополитано“ и се зацврсти на второто место на табелата во Ла Лига, со девет бода негатива во однос на лидерот Барселона. Алваро Мората во деветтата минута донесе водство за домашниот тим, а возврати Кевин Гамеиро во 36.минута. Голеадата продолжи во вториот дел.

Антоан Гризман во 49.минута повторно донесе предност за Атлетико Мадрид, израмни Дани Парехо од пенал во 77.минута, а триумфот на составот на Симеоне го овозможи Анхел Кореа со погодокот во 81.минута од средбата.

Валенсија по овој пораз остана на петтата позиција со 52 бода, два помалку од четвртопласираниот Хетафе кој има одиграно и меч помалку.

Се вчитува...