Атлетико со стариот рецепт: Еден гол – три бода

Атлетико Мадрид промени значаен дел од тимот во текот на летото, но Диего Симеоне го задржува истиот концепт како и во претходните сезони, со цврста одбрана стигнува до бодови.

Така, „јорганџиите“ ја стартуваа новата сезона со минимална победа од 1-0 на домашен терен над Хетафе, што им ја донесе Алваро Мората. Шпанскиот репрезентативец имаше идеална шанса да постигне и втор гол, но промаши пенал во второто полувреме по извонредниот продор на Жоао Феликс.

Хетафе на четири минути до крајот ја погоди гредата од голот на Облак, а во самиот финиш Атлетико промаши уште еден зицер, овојпат Витоло на асистенција на Мората.

Се вчитува...