Атлетската елита повторно на „Трка на поезијата“ во Струга, промовирана нова поетична маичка за сите учесници (ФОТО)

Атлетската манифестација „Трка на поезијата“ која од година на година расте на домашната спортска сцена, оваа година ќе брои 1200 учесници во вкупно три атлетски трки, информираа организаторите.

На манифестацијата која ќе се одржи на 21. мај во Струга ќе бидат реализирани три трки: БОГРАД ДЕТСКА ТРКА (300 учесници), Рекреативна трка на 5 километри (540 учесници) и Главна трка на 10 километри (360 учесници).

„Оваа година како и во изминатата огромна чест и задоволство ни претставува и доаѓањето на нашите истакнати атлетски имиња во Македонија како што се Дарио Ивановски, Адријана Поп Арсова, Александар и Биљана Кираџиеви, Атанас Анчевски, Димитар Петровски, Весна Кираџиева, Игор Јакимовски, Жан Тосев како и доста други активни и рекреативни од вкупно 11 држави кои постигнуваат одлични резултати во кралицата на спортот“ – информираат од „Трка на поезијата“.

 

БОГРАД ДЕТСКА ТРКА ЗА РЕТКИТЕ ДЕЦА

Овогодишното издание на детската трка добива и уникатно име, поддржано од генералниот покровител – Хотел Боград од Струга како генерален покровител на детската трка и здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид кои максимално се вклучија во оваа кампања за поддршка на децата со ретки болести.

Оваа година еден ден пред главниот настан на 20.05.2023 година во сабота со почеток во 18 часот дечињата ќе ја обојат Струга со трчање и ќе бидат презентери на еден од најубавите настани кои ги памети и создава нашата убава Струга.

Оваа година ќе се натпреваруваат во пет различни категории почнувајќи од 4 до 13 години, и тоа:
– Прва категорија од 4 и 5 годишна возраст (100м)
– Втора категорија од 6 и 7 годишна возраст (200м)
– Трета категорија од 8 и 9 годишна возраст (300м)
– Четврта категорија од 10 и 11 годишна возраст (500м)
– Петта категорија од 12 и 13 годишна возраст (500м)

Претставена е и новата официјална маица на Трка на Поезијата 2023.

„Оваа година одлучивме маицата да „отскокнува“ од официјалните маици на кои што сте навикнати да ги гледате на останатите трки. Едногласно одлучивме од оваа година во преден план да ја ставиме поезијата како што е и името на нашата манифестација. Во координација со победниците на минатите изданија на поетскиот конкурс, Биљана и Ана, но и во координација и одобрение од потомците на Димитар и Константин Миладинови на нашата официјална маица оваа година ќе ги најдете стиховите на браќата Миладиновци како едни од главните претставници на македонската преродба во средината на XIX век. Познатата „ТАГА за Југ“ од браќата Миладиновци ќе оди на двете официјални маици од настанот, а додека „До целта“ од Ана Стојаноска ќе оди на машките учесници и „Трчам со силата на зборот“ од Биљана Тодоровска ќе оди на женските учесници на настанот. Дизајн и изработка брендот РЕМОРКЕР од Лонгуров, Штип“ – соопштуваат организаторите.

Се вчитува...