Атлетската јавност реагира на списокот на олимписките кандидати за Токио 2020

Атлетската федерација на Македонија го изготви списокот на потенцијалните олимписки кандидати за ОИ 2020 во Токио што ќе биде доставен во Македонскиот олимписки комитет. Селекторот Ѓорѓи Вучков избра по шест атлетичари и шест атлетичарки како потенцијални кандидати за Токио, но неговиот избор предизвика бурни реакции во атлетската јавност бидејќи на списокот се и тројца атлетичари кои веќе настапиле на ОИ со вајлд-карта кои според правилникот на МОК немаат право повторно по втор пат да учествуваат на Олимпијада без исполнета олимписка норма.

„Спорни“ на списокот на потенцијалните олимписки кандидати за Токио 2020 се олимпијците од Лондон, Ристе Пандев и Кристијан Ефремов, како и Валбона Селими која беше меѓу олимписките стипендисти за ОИ во Рио, а според тренерот на АК Пролет, Кристијан Кајчевски, спорен е и резултатот со кој е пријавена атлетичарката во скок во височина, Ирена Темова.

Овие атлетичари се најдоа на списокот на олимписките кандидати пред другите атлетичари кои минатата и оваа година имаат најдобри резултати. На списокот се тројца атлетичари еднаш веќе неуспешни олимписки стипендисти. Ристе Пандев е пријавен со резултат постигнат пред Олимпијадата во Лондон и еднаш веќе олимписки кандидат кој не успеал да постигне норма со стипендијата каој му беше доделена од МОК. Кристијан Ефремов е иста приказна како Ристе. Валбона Селими кандидат за Рио со резултат истрчан во 2014 година, примател на олимписка стипендијаи не успеа да мрдне од резултатот  за кој и беше доделена стипендијата. Ирена Темова е 32-годишна атлетичарка која нема скојкнато повеќе од 166 см, а е пријавена со 174 см (македонскиот рекорд на Марина Дамчевска е 172 см)…На ова мора еднаш да се стави крај. Ќе реагираме до сите инстанци и ќе ги извадиме сите докази ако МОК го прифати овој список, нема да се откаже додека вистината не излезе на виделина“ – вели Кристијан Кајчевски.

print 2

Тренерот на АК Пролет го повикува на одговорност селекторот на атлетската репрезентација, Ѓорѓи Вучков и најавува бојкот на репрезентацијата од клубовите и атлетичларите.

„Селекторот Ѓорѓи Вучков треба да даде оставка и да одговара за давање лажни резултати.Ние се организираме на бојкот на репрезентцаијата во сите младински категории. Доста веќе се прават вакви работи и се уништува спортот“ – додава Кајчевски.

Се вчитува...