Атлетските натпревари на ЛОИ во Париз во вечерен термин

Атлетските настани на Олимписките игри во Париз во 2024 година ќе се одржат попладне и навечер, објави  Меѓународната аматерска атлетска федерација заедно со организаторот на игрите.

Атлетските настани на Игрите во Париз ќе се одржат во текот на единаесет натпреварувачки денови, почнувајќи со трката во брзо одење на 20 километри на 1. август. Последен на распоредот е женскиот маратон на 11. август.

Натпреварите на „Стад де франс“ ќе се одржат во 17 сесии, сите во попладневните и вечерните часови. Натпреварите кои ќе се одржуваат на париските улици ќе траат четири дена и ќе се организираат во утринските часови.

„Натпреварувачите кои планираат да се натпреваруваат во две или повеќе дисциплини, во трки на 100 и 200 метри, 800 и 1.500 метри, 1.500 и 5.000 метри, 5.000 и 10.000 метри, ќе можат да учествуваат во двете дисциплини со тоа што нема да се натпреваруваат во повеќе од една дисциплина на ден“, соопшти Меѓународната атлетска федерација.

Се вчитува...