Атлетското СП во сала кое требаше да се одржи во Кина повторно одложено

Светското првенство во атлетика во сала во „Нанџинг“, Кина, кое требаше да се одржи во март 2023 година, е одложено за 2025 година поради пандемијата на коронавирус, соопшти Меѓународната атлетска федерација.

Овој Мундијал требаше да се одржи во 2020 година, но поради пандемијата беше одложен за март 2021 година. Сепак, повторно беше одложен за март 2023 година.

Во соопштението на ИААФ се наведува дека новиот датум на СП е март 2025 година, а оваа одлука е донесена со согласност на Организацискиот комитет на Нанџинг и Кинеската атлетска федерација поради моменталната ситуација поврзана со корона вирусот.

„Разочарани сме што моравме повторно да го одложиме овој настан поради околности надвор од наша контрола, но го направивме тоа за да ја осигураме безбедноста на сите спортисти и федерации членки“, рече претседателот на ИААФ, Себастијан Коу.

Се вчитува...