Атман се повреди на мечот за Русија против Аргентина

Ракометарот на Вардар, Павел Атман заработи повреда на пријателскиот натпревар за Русија против Аргентина во рамките на ЕХФ неделата.

Атман се здобил со повреда по еден жесток дуел со противнички играч на почетокот од мечот, по што го завршил натпреварот. Се очекуваат деновиве детални лекарски прегледи по што ќе се знае тежината на повредата, и должината на евентуалното отсуство.

Русија загуби на натпреварот од Аргентина со 24-22. Рускиот селектор и тренер на Вардар, Кокшаров во Аргентина е и без Дибиров кој остана во Скопје на одмор по напорниот претходен период.

Се вчитува...