АТП листа: Ѓоковиќ остана на шестото место, Медведев прв!

Денеска беше објавена нова АТП листа, а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и натаму е на шестото место со 4.770 бодови.

Новак поради познатата ситуација нема да го игра Мастерсот во Монтреал, најверојатно нема да биде ниту во Синсинати, а многу неизвесен е и неговиот настап на УС Опен.

Русинот Данил Медведев, кој пред два дена го освои турнирот во Лос Кабос и го зголеми бодовното салдо за 250 поени, сега има вкупно 7.875. По него се повредениот Германец Александар Зверев со 6.760 и Шпанецот Рафаел Надал со 5.620 поени. Четврти е Шпанецот Карлос Алкараз со 5.035 бодови.

Во Топ 10 по Ѓоковиќ следуваат и Норвежанецот Каспер Руд, Русинот Андреј Рубљов, како и Полјакот Хуберт Хуркач, кој ги прескокна Јаник Синер и Камерон Нори.

Најголем скок на листата направи Австралиецот Ник Киргиос, кој синоќа победи на турнирот од серијата 500 во Вашингтон. Сега е 37. тенисер во светот, што е напредок од 26 позиции.

Се вчитува...