Јаник Синер успеа да стигне до првата титула на Мастерс-турнирот во Париз, што надополнето со прераната елиминација на Карлос Алкараз му овозможи на италијанскиот тенисер и враќање на врвот на АТП-листата.
Синер во финалето триумфираш над Феликс Оже – Алиасим, не криејќи го задоволството што успеа да се врати на тронот и во рангирањето на најдобрите светски тенисери.
„Секако дека сум среќен, од почетокот на неделата знаев дека постои шанса и сторив се за ова да се случи. Како што реков и пред финалето, мое е да играм најдобро што знам, па ќе видиме што ќе се случи, така беше и во Париз, одев ден по ден и стигнав до титулата, што ме прави исклучително среќен“, изјави Синер.
Алкараз сега е второрангиран, пред Зверев, Фриц и Ѓоковиќ, Бен Шелтон го прескокна Де Минор на шестото место, Австралиецот сега е седморангиран светски тенисер. Во Топ 10 има место и за Оже – Алиасим кој скокна за две позиции по пласманот во финалето во Париз, а зад канадскиот тенисер сега се наоѓаат Лоренцо Музети и Каспер Руд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

