АТП: Се топи предноста на Медведев, Лина Ѓорческа со нов скок кај дамите

Даниил Медведев останува прв на АТП лситата, но неговата предност се топи. Русинот сега има 6.885 бодови, втор е повредениот Александар Зверев со 6.760, а трет Рафаел Надал со 5.620. Ако Шпанецот го освои трофејот во Синсинати, а Медведев испадне пред четвртфиналето, Надал повторно ќе биде прв во светот.

На најновата АТП листа, објавена во понеделникот, само Каспер Руд и Стефанос Циципас ротираа места во првите десет. Норвежанецот сега е петти, Гркот седми, а меѓу нив на шестата позиција остана Новак Ѓоковиќ.

Македонскиот талент Калин Ивановски по големиот скок минатата седмица, сега забележа пад од четири места и е на 1.074 позиција. Најдобро рангиран Македонец е Горазд Србјак кој е на 890 место. Лина Ѓорческа пак кај дамите напредна на ВТА ранг листата и сега е на 238 место.

Се вчитува...