Уште еден домаќин на овогодинешниот Мундијал се пласираше во 1/8 финалето. После Канада, сега тоа го стори и Мексико со синоќешната победа над Еквадор од 2-0.
Мексиканците тргнаа офанзивно уште од стартот, имаа веднаш неколку шанси, а потоа можеа да бидат казнети откако Еквадор ја погоди стативата по одбраната на голманот Ранхел.
Кињорес по една одлична акција по левата страна го отвори резултатот. Доби топка од Алварадо во 22. минута, продре по левата страна и шутираше прецизно и силно во горниот лев агол.
За само девет минути, уште една прекрасна акција, и уште еден одличен гол. Мексиканците одлично проиграа на мал простор, топката стигна до Хименез кој шутираше прецизно во горниот десен агол за предност од 2-0 за Мексиканците и делириум на „Ацтека“.
И двете селекции до крајот на мечот имаа шанси за промена на резултатот кои не ги искористија. Инкапие од Еквадор доби црвен картон откако му зборуваше на противнички играч со покирена уста во судиското надополнување.
Сите најинтересни моменти од мечот може да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
