Аврамовиќ дебитира за Дубаи порано од очекуваното

Рехабилитацијата од повредата на коленото на Алекса Аврамовиќ се одвива побрзо од очекуваното и Србинот би можел да дебитира за Дубаи во следните недели, открива „Баскет Њуз“.

Аврамовиќ пристигна во новиот евролигаш како големо засилување, добивајќи тригодишен договор, но не дебитираше поради повреда на коленото која воопшто не е наивна.

Неговото враќање на теренот се очекуваше во месец јануари, но медицинскиот тим на Дубаи успешно ја завршил својата задача.

Се вчитува...