Австриска вечер на „Охридско лето“ со поддршка на Касинос Австрија Интернешанал Македонија

Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид, и оваа година ќе се одржи традиционалната Австриска вечер, еден од најпрепознатливите настани во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и годинава со гордост ја поддржува реализацијата на овој врвен музички настан.

Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули (петок), со почеток во 21:00 часот, во црквата „Света Софија“ ќе настапи светски познатото пијано дуо Маки Намекава и Денис Расел Дејвис, уметници чија долгогодишна меѓународна кариера е препознаена по исклучителниот музички израз и врвната интерпретација.

Австриската вечер традиционално се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија и Владата на Република Австрија, претставувајќи симбол на пријателството, културната соработка и заедничките вредности што ги поврзуваат двете земји.

Со својата континуирана поддршка на културата и уметноста, Касинос Австрија Интернешанал Македонија останува посветен партнер на настаните кои создаваат трајни вредности и го збогатуваат културниот живот во земјата.

Музиката ги надминува границите, а уметноста станува универзален јазик, со што се создаваат вечери што остануваат во сеќавање. Токму и затоа, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со особено задоволство е дел од оваа традиција, која веќе со години претставува едно од најзначајните културни случувања во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Се вчитува...