Автогол: „Бернабеу“ замолкна… од Рафаел Варан

Тотенхем тргна храбро од самиот почеток на гостувањето против Реал Мадрид, па „спарси“ заслужено први дојдоа во водство на „Сантијаго Бернабеу“. Изненадувачки, погодокот беше дело на домашниот дефанзивец Рафаел Варан, кој не стигна најдобро да го затвори Хари Кејн, па дури и откако гостинскиот голгетер не ја закачи топката, Французинот со несмасна интервенција ја смести во мрежата.

Се вчитува...