Азар позира со дрес на Реал Мадрид: Готов ли е трансферот, или…? (ФОТО)

Белгискиот репрезентативец Еден Азар се уште е во очекување на трансферот во Реал Мадрид, за кој и тоа како долго се шпекулира.

По освојувањето на Лигата на Европа со Челси, Белгиецот сега е на заслужен одмор во Марбеља, па шпанските фанови и тоа како искористија момент за да дојдат до фотографија со една од најголемите европски фудбалски ѕвезди. Навивач на Реал го препозна Азар и му понуди фотографија со дресот на кралскиот клуб.

Белгиецот не го одби тоа, па откако фотографијата се прошири низ „интернет етерот“ веднаш сето тоа бројната навивачка армија на „кралевите“ го протолкува како добра најава на Азар дека може да се очекува наскоро и официјална реализација на неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Се вчитува...