Азар тргна „сам против сите“ и го реши Арсенал (видео)

Челси има предност од 2-0 на големото лондонско дерби против Арсенал по фантастичниот погодок што го постигна Еден Азар. Белгиецот доби топка на средината од теренот и тргна „сам против сите“ кон гостинските дефанзивци. Кокелан дури се обид да го запре со прекршок, Шпанецот не само што не успеа во тоа, туку и самиот се најде на земјата, по што Азар влезе во шеснаесетникот и велемајсторски ја заврши оваа одлична индивидуална акција.

Се вчитува...