Азпиликуета одлучи: Збогум, Челси…

Цезар Азпиликуета е подготвен да го напушти Челси, десет години откако шпанскиот дефанзивец пристигна на „Стемфорд бриџ“ од редовите на Олимпик Марсеј. Лондонскиот клуб му понуди на Азпиликуета нов договор, но Шпанецот реши да ја одбие оваа понуда поради својата желба – кариерата да ја заврши во татковината.

Барселона е клубот со најконкретна понуда, што Азпиликуета ќе ја прифати во наредните денови потпишувајќи преддоговор со каталонскиот гигант. Азпиликуета во изминатиот период разговарал и со Чави, од кого добил ветување дека нема да биде само „ветеран на клупата за резерви“, по што Цезар пресекол, соопштувајќи им на челниците на Челси дека си заминува на крајот на сезонава.

Договорот што ќе биде потпишан е за двогодишна соработка, со можност за активирање на клаузула и за трета сезона, доколку Азпиликуета сака да остане на „Камп Ноу“ и на 35-годишна возраст.

Шпанецот е еден од тројцата дефанзивци на Челси што стануваат слободни играчи летово, заедно со Ридигер и Кристијансен, па доколку тројцата си заминат јасно е дека „сините“ ќе имаат сериозен проблем да склопат одбранбена линија за наредната сезона.

Се вчитува...