Бабиќ пак ротира: Тројца „пелистерци“ останаа дома за дуелот со Рајн-Некар Левен

Екипата на Еурофарм Пелистер утре патува за Германија, каде во вторник ќе му гостува на тимот на Рајн-Некар Левен во рамките од Лигата на Европа на ЕХФ. „Лавовите“ од Манхајм се главни фаворити за првото место во групата, но „пелистерци“ се решени да сторат се за да го изненадат германскиот ракометен гигант.

Тренерот Жељко Бабиќ го продолжува трендот за ротација на ракометарите за натпреварите на Еурофарм Пелистер, па така за ова гостување реши дома да ги состави пикерот Граџан и македонските крила Костески и Маџовски. Битолските „фармацевти“ утре ќе го имаат и единствениот тренинг во Манхајм. Судии на овој натпревар ќе бидат Андреј и Сандро Смаилагиќ од Шведска.

Еурофарм Пелистер во првите две кола од Лигата на Европа забележа еден пораз (од ГОГ во Данска) и едно реми (на домашен терен со Кадетен Шафхаузен).

Се вчитува...