Бабунски во полуфиналето од Царскиот куп на Јапонија

Давид Бабунски втор натпревар по ред се најде во стартниот тим на Јокохама, овојпат помагајќи му на својот клуб да се најде меѓу четирите најдобри во Царскиот куп на Јапонија.

Македонскиот плејмејкер беше стартер на четвртфиналниот дуел со Џубило Ивата, одигрувајќи ги сите 90 минути во победата од 1-0. Клучен момент на мечот беше 81. минута, кога гостинскиот фудбалер Такахаши со автогол им донесе радост на Бабунски и неговите соиграчи.

Се вчитува...