Баер Леверкузен во одличен меч славеше со 3-4 на гостувањето против Штутгарт, меч на кој избраниците на Чаби Алонсо успеаја да се вратат од два гола негатива и да стигнат до сензационална победа. И без повредениот Вирц во тимот, „фармацевтите“ покажаа карактер, не се предадоа до самиот крај и беа наградени со три бода, со кои овој тим се враќа во трката за титулата.
Актуелниот првак имаше шанса да го искористи вчерашниот „кикс“ на Баерн и да се врати во игра во трката за титулата. Тоа беше само мотив плус за овој голем камбек, по кој Баер сега заостанува „само“ шест бода за лидерот во Бундес-лигат,а на осум кола до крајот.
Демировиќ го отвори резултатот во првото полувреме, а на самиот старт од вториот дел Штутгарт поведе и со 2-0 преку Волтемаде. Баер не се предаде, преку Фримпонг намали на 2-1, но на спротивната страна следеше автогол на Џака, за огромно разочарување на актуелниот првак. Баер успеа да постигне и втор гол преку Хинчапи во 67. минута, а храбрата игра на шампионот вроди со плод со израмнувачки погодок, автогол на Штилер во 88. минута.
Како што му доликува на актуелниот првак, Баер продолжи да напаѓа до самиот крај, што резултираше со неверојатен пресврт со погодокот на Шик, по центаршутот на Фримпонг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА