Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен.
Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на Алонсо, кој според се се сели во Реал Мадрид.
Германскиот клуб во Фабрегас го гледа она што го имаа со Алонсо – млад, талентиран, енергичен тренер со силен карактер кој негува офанзивен стил.
Оваа сезона, втора во неговата самостојна тренерска кариера, Фабрегас цвета на клупата на Комо, клуб во кој поседува и сопственички акции. Минатиот месец беше најпродуктивниот во неговата тренерска кариера – беше прогласен за тренер на месецот во Серија А по победите против Монца, Торино, Лече и Џенова.
Во тренерските кругови Фабрегас веќе го нарекуваат Алонсо 2.0, бидејќи има одредени сличности меѓу двајцата поранешни шпански репрезентативци и нивните млади тренерски кариери.
Дел од шпанските медиуми пренесуваат дека претставници на Баер веќе се сретнале со Фабергас и му ги претставиле плановите за него, но ќе треба да го почекаат најважното, неговата согласност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА