Баерн го доби дербито од осминафиналето во Купот на Германија

Баерн Минхен и Борусија Менхгладбах се пласираа во четвртфиналето од Купот на Германија.

Во дербито на осминафиналните пресметки Баерн славеше против Волфсбург минимално со 1-0, но доволно за пласман во четвртфиналето. Даглас Коста во 18. минута ја погоди мрежата на противникот за славје на Баварците.

Douglas Costa Fantastic Goal HD | Bayern Munich… by fabiolafarrelly

Менхенгладбах, пак, со 0-2 славеше на гостувањето против Гројтер фурт, кој од 18. минута играше со играч помалку. Претходно и Хамбургерг се пласираше во четвртфиналето откако го победи Келн со 2-0.

Се вчитува...