Баерн го одреди наследникот на Нојер, доаѓа од Премиер лигата

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Мануел Нојер, се наоѓа на залез на кариерата, а во Баерн Минхен веќе размислуваат за тоа кој би го наследил на голот и изборот е изненадувачки.

Нојер кој на „Алијанц“ арената во Минхен пристигна во 2011 година и досега има повеќе од 600 настапи за Баерн, на крајот од сезоната се очекува да замине во пензија, а медиумите шпекулираат дека неговиот наследник доаѓа од Премиер лигата.

Имено, англискиот новинар Алан Никсон, тврди дека највисоко на листата на желби на Баерн е првиот голман на англиската репрезентација и на Евертон, Џордан Пикфорд.

Според новинарот, управата на Баерн во текот на наредната година ќе се обиде да го потпише Пикфорд, а во целата работа се вклучил и тренерот на германскиот тим, Венсан Компани, кој веќе собира информации за голманот на Евертон и на Англија.

Проблем во реализацијата на трансферот може да претставува податокот дека Пикфорд минатата година потпиша нов договор со Евертон со важност до 2029 година и доколку Баерн го сака во своите редови, ќе мора дебело да го одврзе ќесето.

Доколку не успеат да се договорат со Пикфорд, баварците ќе тргнат по потписот со голманот на Брајтон, Барт Вербруген.

Се вчитува...