Баерн игра страшно – шест парчиња за „фармацевтите“ среде Леверкузен

Баерн Минхен игра извонредно во самиот финиш од сезонава, па баварскиот гигант вечерва во голем стил обезбеди пласман во финалето од Купот на Германија, на гостински терен декласирајќи го незгодниот ривал Баер Леверкузен со 2-6.

Мечот беше решен за неполни десет минути, откако Мартинез и Левандовски беа прецизни за експресно водство од 0-2. Работите потоа во свои раце ги презеде Томас Милер, кој постигна хет-трик, а еднаш меѓу стрелците се запиша и Тијаго Алкантара.

Баерн во големото финале ќе се сретне со победникот од утрешниот дуел Шалке – Ајнтрахт.

Се вчитува...