Баерн играше и шутираше, но загуби од Јувентус

Баерн Минхен загуби со 0-2 на контролниот дуел против Јувентус одигран во Филаделфија, меч на кој баварскиот гигант имаше целосна доминација, но не успеа да го најде патот до мрежата на „старата дама“.

Статистиката вели дека Баерн имаше 69% од поседот над топката, избраниците на Нико Ковач упатија 20 удари кон противничкиот гол, но се беше попусто кога се потфрли во реализацијата. На спротивната страна Јувентус го имаше млаадиот Андреа Фавили, кој со два гола во првото полувреме го реши победникот.

Фавили летово беше откупен од Асколи, но според италијанските медиуми наскоро ќе биде проследен во Џенова, каде за соиграч ќе го има и нашиот Горан Пандев.

Се вчитува...