Ливерпул е на прагот да осигура мегатрансфер на почетокот од летниот преоден рок откако англискиот првак влезе во завршна фаза од преговорите со Баер Леверкузен за потписот на Флоријан Вирц. За овој суперталентиран офанзивец се интересираа бројни гиганти од фудбалска Европа, на крајот трката сведувајќи се на Манчестер Сити, Баерн Минхен и Ливерпул.
Сити прв се повлече поради високите барања на Баер за фудбалерот кој има само уште една година од договорот, а последните информации говорат дека и Баерн Минхен нема намера да ги продолжи преговорите со „фармацевтите“. Последната понуда од 100 милиони евра беше „земи или остави“, но Леверкузен јасно стави до знаење дека нема намера да ја прифати, инсистирајќи на отштета од 150 милиони евра.
Ливерпул е подготвен да плати загарантирани 120 милиони плус клаузули, а баварскиот гигант нема да влезе во наддавање, па германските медиуми тврдат дека Баерн веќе ги прекинал преговорите и погледите ќе ги насочи кон други опции на пазарот. Вирц според пишувањата во Германија веќе ја прифатил понудата на Ливерпул, па сега останува уште клубовите да се договорат околу висината на отштетата.
Англискиот гигант имал две успешни рунди разговори со управата на Баер откако добил зелено светло од самиот фудбалер, па се очекува во следните 48 часа да биде финализиран трансферот, меѓу другото и поради расположението на „фармацевтите“ дури и да ја намалат сумата што ја бараат, само за да не дозволат тој да заврши во Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА